Од вечерва на полноќ цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемува за 1 денар, а цената на Еуродизелот (Д-Е V) се намалува за 6,50 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 94 денари за литар, на Еуросупер БС-98, 96 денари за литар, а на дизелот 95 денари за литар.
За 3,50 денари се намалува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и тоа сега ќе се продава за 97 денари за литар.
Цената на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,166 денари и сега ќе изнесува 44,410 денари за килограм.
Фото: Унсплеш














