Попладнево поради ветерот, во Скопје повторно смрди и граѓаните се гушат од пожарот на границата со Косово, кој веќе неколку дена гори.
„Кога ветрот е неповолен скопјани чувствуваат непријатен мирис кој доаѓа од чадот од овој пожар. Но, тогаш кога на граѓаните ќе им замириса чад од овој пожар нека помислат на сите пожарникари и сите доброволци и екипи кои учествуваат во гасењето и секојдневно се лице в лице со огнот“, рече директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), во гаснењето на овој пожар во реонот на Хани и Елезит, дал поддршка и полицискиот хеликоптер.
Во земјава се активни шест пожари, најсложено е гаснењето во Рамно.
Фото/Unsplash














