Дизелот повторно надмина стотка, бензините поскапуваат за три денари

Бензините поскапуваат за три, а дизелот за шест денари одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Најголемо зголемување има кај екстра-лесното масло за домаќинство за осум денари по литар.

Со новата одлука бензинот „Еуросупер БС-95“ ќе се продава за 97,00 (денари/литар), „Еуросупер БС-98“ 99,00 (денари/литар), дизелот за 101,00 (денари/литар), масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1): 105,00 (денари/литар).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести