За Перпарим Бајрами, кој се предаде, се водат уште постапки

За поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, кој утрово се предеде, по повеќе од една година бегство, освен за актуелниот случај за злоупотреби во државната компанија, за кој во тек е судски процес, се водат уште четири постапки, информираа од Основното јавно обвинителство Скопје.

Во рамки на истите се прибираат докази и се вршат потребните вештачења, појаснуваат од таму.

За Бајрами веќе имаше мерка притвор, па откако се предаде на Граничниот премин Долно Блаце, беше уапсен и спроведен во Затворот Скопје.

Во случајот со злоупотреби во Државна лотарија, тој е обвинет за „Злоупотреба на службената положба и овластување“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Перпарим Бајрами се предал на Блаце, спроведен е во Шутка: Детали од МВР

Се предаде и Перпарим Бајрами, поранешниот директор на Државна лотарија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести