Универзална Инвестициона Банка (УНИ) АД Скопје е во фокусот откако од Штаермеркише Шпаркасе Групацијата, Австрија, која е сопственик и на Шпаркасе Банка АД Скопје, соопштија дека Групацијата сака целосно да ја преземе банката.
Откако беше објавена информацијата, Македонската берза информираше дека ја ставила УНИ Банка на „Листата за набљудување“.
-Ве известуваме дека донесен е заклучок за внесување на издавачот УНИ Банка АД Скопје на „Листата за набљудување“ што се објавува на веб страница на Берзата, согласно член 61-а од Правилата за котација.
Внесување на друштвото УНИ Банка АД Скопје на „Листата за набљудување“ е со цел за обрнување на внимание на инвеститорската јавност поради објавената намера за давање понуда за преземање на Друштвото, велат од Берзата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ














