УНИ Банка во фокусот по понудата за преземање од Шпаркасе: Како работела последните две години

Универзална Инвестициона Банка (УНИ) АД Скопје е во фокусот на инвеститорската јавност откако австриската Штаермеркише Шпаркасе Групација, која ја поседува Шпаркасе Банка АД Скопје, соопшти дека сака целосно да ја преземе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шпаркасе сака целосно да ја преземе УНИ Банка

Дали тоа ќе се случи останува да видиме.

Како работи УНИ Банка

Во првите шест месеци од годинава УНИ Банка оствари добивка од 114,5 милиони денари.

Истата споредено со истиот период лани е намалена. Тогаш изнесувала 202,9 милиони денари.

Остварените приходи изнесуваат 1.155,8 милиони денари и во однос на истиот период лани бележат намалување од 0.4%.

Добивката по оданочување на УНИ Банка лани пак изнесуваше 492.515 илјади денари (околу 8 милиони евра).

Споредено со 2024 година иста бележи зголемување. Тогаш изнесувала 485.767 илјади денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е УНИ Банка, која Шпаркасе сака да ја преземе

Колку пари зел менаџментот на УНИ Банка лани

Акцијата на УНИ Банка стана дел од МБИ10

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести