Која е УНИ Банка, која Шпаркасе сака да ја преземе

Австриската Штаермеркише Шпаркасе Групација, која во Македонија, веќе ја поседува Шпаркасе Банка АД Скопје (поранешна Охридска банка), сака целосно да ја преземе Универзална Инвестициона Банка (УНИ) АД Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шпаркасе сака целосно да ја преземе УНИ Банка

За една акција на УНИ Банка нуди 126,3766353 евра, а за да преземањето биде успешно треба да добие одобрение и од домашни и странски институции.

Која е УНИ Банка

Станува збор за средна банка со бугарски капитал, која нуди широк спектар на услуги.

Основана е 30. април 1993 година како една од првите банки по осамостојувањето на Македонија, како Балканска банка АД Скопје.

Во јули 2003 година за 2 милиони евра беа купени 78,8% од акциите на Банката, по што таа беше преименувана во УНИ Банка.

Кои се најголемите акционери?

Најголеми акционери со квалификувано учество се Цеко Тодоров Минев и Ивајло Димитров Мутафчиев, кои заедно поседуваат над 70% од акциите.

Бројот на акционери кои немаат квалификувано учество во банката е околу 350.

Банката има околу 400 вработени и околу 40 експозитури ширум Македонија.

Станува збор за банка која прва во своето работење воведе чип заштитна технологија и прва воведе електронското плаќање преку интернет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УНИ Банка на „Листата за набљудување“ на Берзата, откако Шпаркасе соопшти дека сака целосно да ја преземе

Што велат од Шпаркасе за намерата за преземање на УНИ Банка

Колку пари зел менаџментот на УНИ Банка лани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести