Расте бројот на граѓани кои и должат на УЈП

На Листата на должници на Управата за јавни приходи за септември има 2.008 должници – правни лица (повеќе за 2 од претходната листа) и 3.232 физички лица (повеќе за 38 од претходната листа).

Тие должат за данок на додадена вредност, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

Вкупно објавениот нето долг изнесува 13.641.590.644 денари, (повеќе за 448.069.273 денари од претходната листа).

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 13.458.337.534 денари, (повеќе за 460.042.264 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 183.253.110 денари (помалку за 11.972.991 од претходната листа).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

10. најголеми должници на новата Листа на должници на УЈП

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести