Познати сите кандидати за нов градоначалник на Општина Брвеница

Познати се имињата на сите кандидати за избор на нов градоначалник на Општина Брвеница.

До крајниот рок – ноќеска на полноќ, се поднесени шест кандидатски листи, четири на коалиции и две на група избирачи.

Како што информираа од Државната изборна комисија (ДИК), на престојните вонредни локални избори ќе учествуваат Јовица Радески, кој е кандидат на коалиција предводена од СДСМ, Јакуп Усеини, кандидат на коалиција предводена од Вреди, Стојанчо Радически, кандидат на коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Аркин Јахији, кандидат на коалиција предводена од ДУИ, Арифе Идризи, кандидатка на група избирачи и Душан Богдановски, кандидат на група избирачи.

Изборите ќе се одржат на 18. октомври, а беа распишани поради смртта на градоначалникот Јовица Илиевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој беше Јовица Илиевски, градоначалникот на Општина Брвеница

На 58-годишна возраст почина Јовица Илиевски, градоначалникот на Општина Брвеница

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести