Премиерот Христијан Мицкоски денеска откри какви закани добил од уапсениот 39-годишен маж од Черкези.
– Јас во текот на вчерашниот ден дознав за тие закани коишто се напишани на социјалните медиуми од ова лице, дека сум бил свиња и дека ќе ме колел на плоштад. Тоа лице упати пцовки кон мене и моето семејство.
Јас сум сепак институција и претпоставувам дека институциите ги преземале мерките согласно своите надлежности и оти преку МВР тоа лице е обезбедено. Се надевам дека понатаму правосудниот систем ќе постапи и ќе го спроведе онаму каде што му е местото, рече Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен 39-годишен маж од Черкези кој му се заканувал на Мицкоски
Фото: Влада














