„ТАВ Македонија“ го укина ограничувањето за бесплатен влез во „Hug & Fly“ на скопскиот аеродром

Во согласност со својата посветеност кон обезбедување најдобро можно искуство за патниците и посетителите, ТАВ Македонија одлучи дека, сè до имплементацијата на потребната придружна инфраструктура, зоната Hug & Fly на Меѓународниот Аеродром Скопје, засега, ќе продолжи да функционира без промени во досегашните услови и правила за користење, информираат од таму.

-Зоната Hug & Fly останува достапна за бесплатно кратко застанување до 10 минути за оставање и земање патници.

ТАВ Македонија континуирано ги следи потребите на корисниците и текот на аеродромските операции, со цел да обезбеди безбеден, ефикасен и едноставен пристап до терминалната зграда за сите патници и посетители, велат од таму.

Фото: ТАВ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести