Отец Ѓорги вицешампион на клубскиот тениски турнир во Струмица

Отец Ѓорги од Струмичката Православна Епархија го освои второто место во машката конкуренција на клубскиот турнир за рекреативци, организиран од Тенискиот клуб „Нет“ од Струмица.

На турнирот учествуваа дваесетина тенисери, распоредени во шест групи. По одиграните натпревари, во машкото финале се пласираа отец Ѓорги и Ване Андонов. Андонов го освои турнирот, додека отец Ѓорги заврши како вицешампион.

Во женската конкуренција, најдобра беше Софија Петковиќ која во финалето ја победи Слободанка Симевска.

Турнирот беше наменет за рекреативци, а натпреварите се одржаа во организација на Тенискиот клуб „Нет“ – Струмица

Извор/Фото: tiveriopol.mk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести