Просечната нето-плата во јули 48.499 денари

Во јули 2026 година просечната месечна исплатена нето-плата изнесуваше 48.499 денари, соопшти Државниот завод за статистика.

Во јули 2026 година, во однос на јули 2025 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 7.1%.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 10.7%, Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 10.4% и Дејности во врска со недвижен имот за 9.6%.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности за 4.3%, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 3.2% и Градежништво за 2.3%.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести