Блажо Ѓорев, македонски бизнисмен со успешни компании од двете страни на Атлантикот, во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Блажо Ѓорев, основач на Ѓорев Холдинг и бизнисмен со успешно развиени компании во Македонија и САД, преку Ѓорев Холдинг како партнер и спонзор на деловната средба на Бизнис советот за меѓународно разбирање (BCIU), одржана во престижниот Yale Club во срцето на Њујорк, овозможи поврзување на македонскиот и американскиот бизнис сектор на највисоко ниво.

Оваа средба е и лична иницијатива на Ѓорев, кој со години гради кредибилна деловна приказна и создава компании што се препознатливи по раст, професионалност и меѓународна ориентација. Неговите заложби се насочени кон поголема видливост на македонските компании, нивен полесен пристап до американскиот пазар и отворање нови канали за економска соработка меѓу двете земји.

„Квалитетните деловни врски не се градат преку ноќ, но токму ваквите средби отвораат простор за поголемо присуство на македонските компании на американскиот пазар. Верувам дека македонската економија има компании, луѓе и идеи што заслужуваат да бидат видливи пред американската деловна заедница. Овој настан отвора нови можности и силна перспектива за поголема соработка меѓу Македонија и САД“, изјави Блажо Ѓорев, основач на Ѓорев Холдинг.

На средбата се обрати и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, пред претставниците на американската деловна заедница.

Учеството на Ѓорев Холдинг како ко-домаќин на настан од ваков ранг дополнително го позиционира Блажо Ѓорев како важен и кредибилен мост меѓу македонскиот и американскиот бизнис сектор. Неговото присуство во Њујорк не е само претставување на една групација, туку и пример за тоа како домашен претприемач со меѓународно искуство може да придонесе за поголемо позиционирање на македонската економија пред глобалните деловни кругови.

BCIU е основан во 1955 година како иницијатива на Белата куќа и претседателот Двајт Ајзенхауер. Денес, организацијата обединува повеќе од 200 компании, меѓу кои и голем број компании од Fortune листата, и претставува платформа на која водечки претставници на глобалниот бизнис се среќаваат со шефови на држави и влади, како и со лидери на меѓународни компании.

За Ѓорев Холдинг

Ѓорев Холдинг е приватна група компании со присуство од двете страни на Атлантикот, активна во финансии, мобилност, логистика, градежништво и оперативни услуги. Групата обединува повеќе самостојни и успешни компании во САД и Македонија под заедничка стратегиска насока,

поддржувајќи го нивниот раст, соработка и меѓусебна поврзаност. Основач и извршен директор е Блажо Ѓорев, чија деловна визија е насочена кон создавање одржливи бизниси и поврзување на македонските професионалци и компании со меѓународни пазари.

За Пантелеон ГС Скопје

Пантелеон ГС Скопје е компанија специјализирана за аутсорсинг на деловни процеси за компании на американскиот пазар, со фокус на транспортната и логистичката индустрија. Тимовите на компанијата обезбедуваат поддршка во финансии, сметководство, факторинг, лизинг, осигурување и контролинг, овозможувајќи им на професионалци од Македонија да градат меѓународна кариера од својата земја.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести