Татко на повреден пациент кој лежел во болница бил известен дека паднал од кревет, тој тврди дека бил повреден од болничар

На 21.09.2026 во 10:00 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Р.Ј.(35) од Штип.

Таткото на повредениот пријавил дека на 16.09.2026 од Јавна здравствена установа во гевгелиско, каде што се лекувал, бил известен дека неговиот син паднал од кревет и се повредил.

Додека, пак, повредениот пријавил дека во установата бил физички нападнат од болничар.

Се  преземаат мерки за расчистување на случајот.

Фото/МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести