Четвртата сезона на забавното Stars Show стартува на 27 септември во недела, со почеток во 19.30ч, на телевизија Канал 5.
„По три успешни сезони со големи македонски и регионални имиња, годинава фокусот го ставаме на македонската сцена, музичари, актери, спортисти и јавни личности, но со разговори кои нема да одат во насока која ја очекувате.
Различен концепт без поштедување. Вистината ќе излезе на виделина, а во STARS show информациите ќе ги добивате од прва рака, директно од оние за кои сите зборуваат.
И токму така силно ја отвораме четвртата сезона. Прва гостинка, Тамара Тодевска. Ќе слушнете работи што досега не сте ги слушнале од неа. Изјави што ќе кренат прашина, вистини што долго се премолчувале и емоции што не можат да се одглумат.
Ве интересираат регионалните ѕвезди? Доаѓаат! Дел од гостувањата се веќе договорени, а имињата ќе ги откриваме едно по едно.
Пропуштените епизоди гледајте ги на YouTube каналот Stars Show, а за сите новости следете нè на Instagram @stars_tvshow и TikTok @tvshow.stars,“ вели за еМагазин.мк, уредничката и водителка Ивана Јанковска.
Шоуто кое ќе се емитува секоја недела, ќе го водат Ивана и Емакулате Вандера Блажеска.

















