Не се подготвува ново поглавје, ниту нова приказна во градот, туку стариот и добар „Поп ап шоп“ на Reborn. Истиот ќе се одржи во сабота, 8-ми декември 2018, од 12.00 до 16.00 часот во Ланголо ди Кафе во Скопје.
Ова мало и пријатно место може да се најде близу Католичка црква, веднаш до амбасадата на Романија во Македонија, на улица Никола Тримпаре.
Reborn го организира овој настан после повеќе од една година пауза, точно и неслучајно на време за купување подароци. Ова е третиот Поп ап шоп и оваа година ќе им се придружат MightyJewelry, 5 до 12, Марио Манески, Foreground Totebags, АнАрт (Handweaving Studio) и Magda Station.
За музиката ќе бидат задолжени Скопски грув.
Самата локација може да ја најдете ОВДЕ.
Настанот на Фејсбук е на: www.facebook.com/events.
Кафе и подароци… Има ли подобро?!
КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА