Прилепската компанија „Микросам АД“ е светски бренд за производство на современи, компјутерски управувани машини за производство на композитни материјали.
На видеото (0:30) се прикажани врвните машини на Микросам во Украина.
„Ова е само еден пример на повеќето од 240 машини на Микросам кои се применуваат во над 40 земји во светот за изработка на најсовремени композитни делови во авио, вселенска и бројни други индустрии“, велат од Микросам на нивниот фејсбук-профил.
Видео/фото: Фејсбук-профил на Микросам
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.