еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Бизнис-тренерот на ИКЕА го отвори годинешниот Startup Grind во Скопје

Во преполната просторија на ИноФЕИТ и прекрасна атмосфера, вчера (20 февруари) Per-Erik Persson ја сподели со нас „тајната состојка“ позади успешните скандинавски старт-ап компании.

Годинешниот Startup Grind Fireside Chat го водеше Теодора Николовска – основач и CEO на Vrootok кои се вооедно и организатори на овој настан. Низ нивниот разговор успеавме да дознаеме многу повеќе за скандинавското лидерство и „рецептот“ за успех на стартапите во овие земји.

Активностите продолжуваат и денес, со петчасовната работилница во Јавна Соба/Public room, на која учесниците ќе научат како ефикасно да го менаџираат нивниот тим, користејќи техники на најуспешните шведски тимови.

Работилницата е наменета за HR менаџери, сопственици на мали компании, тим лидери, менаџери на средно ниво. Темата на работилницата е „Со шведски пристап до ефикасен тим”, а учество ќе земат дел од поголемите компании во Македонија.

За повеќе информации и новости од работилницата следете ги Vrootok na социјалните медиуми Facebook и Instagram. Средствата од овие настани ќе бидат донирани во добротворни цели.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПК Љуботен организира традиционално искачување на Титов врв

Редакција

Излезе од печат поетската книга „Процвет” на поетесата Цветанка Невчева

Редакција

(Фото+Видео) Кога на среќата ѝ нема крај: Хилал му кажа чао на хематолошкото одделение и си оди дома здрава и насмеана

Редакција