еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

„Серотонин“, новиот роман на Мишел Уелбек во продажба во ТРИ

Во издание на Издавачки центар ТРИ денес излезе од печат „Серотонин“ – новиот роман на водечкиот француски автор и воедно еден од најконтроверзните автори на светската книжевна сцена, Мишел Уелбек. Преводот на македонски се појавува нецели два месецa по француската промоција.

Четири години по последната книга „Покорување“, францускиот книжевен бунтовник се враќа со можеби најконтроверзниот роман досега.

И во ова дело им останува верен на своите омилени теми, кои ги обвиткува со својот препознатлив нихилизам: политиката и порнографијата, страдањата, човечката интеракција, жените…

Опишувајќи ја мрачната вистина за современа Франција и бунтот на средната класа, „Серотонин“ се појави непосредно пред протестот на „жолтите елеци“ во Франција, со што уште еднаш го потврди Уелбек како предвесник на националното расположение.

Приказната во „Серотонин“ ни претставува една Франција во која глобализацијата го голта малиот човек, која ги гази своите традиции, ги банализира своите градови и ги уништува своите села што се на работ на бунт.

Типичниот главен лик, изморен од животот и од љубовта, ни раскажува за својот живот на инженер агроном, за пријателството со еден аристократ земјоделец, за неисполнетите идеали од нивната младост, за надежта дека ќе најде една жена што ја загубил…

Роман за светот без солидарност, без добрина, каде што мутациите веќе никој не може да ги контролира, за каењето и жалењето.

Веднаш по објавувањето, „Серотонин“ се искачи на врвот на топ-листите и беше прогласен за книга на годината во Франција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Урбан стил – нов инстант лоз на барање на урбаниот начин на живењее

Редакција

Проектот „Пејзажно искуство“ ќе биде претставен во Нови Сад

Редакција

Продолжуваат промотивните поволности на НЛБ Банка за кредитите за физички лица

Редакција