еМагазин
Image default
Македонија

Академија за протокол со потсетување каде му е местото на македонското знаме

Заедничкиот кандидат за претседател на државата на СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски, вчера имаше кратко обраќање и пред членовите на Централниот совет на ДУИ.

Неговата посета на штабот на партијата предизика реакции на социјалните мрежи, бидејќи македонското знаме не беше истакнато на вистинско место.

Академија за протокол, на нивниот фејсбук-профил цитираа членови од Законот за употреба на грбот, химната и знамето на Република Македонија.

Член 16
Ако знамето на Република Македонија се истакнува во Република Македонија заедно со едно или повеќе знамиња на други држави или меѓународни организации, знамето на РМ се наоѓа во зависност од начинот на поставувањето на тие знамиња:
….
3) На чело на колоната ако другите знамиња се наредени во колона

4) На прво место во редот, односно од левата страна гледано однапред ако другите знамиња се наредени во ред

5) На чело на групата ако другите знамиња се наредени во група.

Член 17

Ако знамето на РМ се истакнува заедно со две други знамиња, знамето на РМ се наоѓа во средина.

Ако знамето на РМ се истакнува покрај друго знаме, тоа секогаш се наоѓа од левата страна гледано однапред. По исклучок, тоа се наоѓа на десната страна гледано однапред од знамето на странската држава или меѓународната организација при официјални посети на овластен претставник на соодветната држава или организација.

Ако знамето на РМ се истакнува заедно со знамиња на повеќе држави, знамињата на државите ќе бидат истакнати по абецеден ред.

Ако знамето на РМ се истакнува со знамето на единиците на локалната самоуправа и други знамиња, знамето на Република Македонија се истакнува на прво место од левата страна оддалечено два метри, а повисоко за еден метар и со поголема димензија од знамето на единицата на локалната самоуправа и од другите знамиња.
….
Член 21
При истакнување на знамето на РМ во затворени простории, тоа секогаш се става од десната страна гледано од страна на говорникот, а доколку истовремено се истакнуваат знамето на единицата на локалната самоуправа и други знамиња, тие треба да стојат од левата страна оддалечени два метри, едно метро пониско и со помали димензии од знамето на РМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Да ставиме и македонско знаме? Ма не мора само Вие гласајте„ : Твитер се „вжешти“ за посетата на Пендаровски на Мала Речица

Фото: ДУИ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Палевски веќе има пет кривични и прекршочни, меѓу кои и за носење на оружје

Редакција

Аларм: 194 здравствени работници во Македонија заразени со коронавирусот

Редакција

Утре се очекуваат 10 илјади дози од „Фајзер“, до крајот на април и 200 илјади кинески вакцини

Редакција