еМагазин
Image default
Локално

Повредена припадничка на Шумската полиција откако дрвокрадци удриле во полициските џипови

Припадничка на Шумската полиција вчера е повредена и пренесена во болницата во Струмица откако дрвокрадци удриле во два џипа на полицајците.

Настанот го потврди командирот на Шумската полиција во Струмица, Тимо Лачев.

Инцидентот се случил на месноста Палазлија, на патот Струмица-Берово, кога шумските полицајци се обиделе да запрат дрвокрадци.

Во акцијата учествувале шумски полицајци од Струмица и Берово, а на местото на инцидентот припадници на МВР извршиле увид.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Притвор за крадецот кој беше фатен од полицајката која го преплива Вардар за да го уапси

Редакција

Срам во Битола: Наместо во изолација се степале со соседите

Редакција

Двајца тетовчани омаловажувале полицајци

Редакција