еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Бреј ни една дива платформа на Матка неможат да срушат!

Сигурно многумина од Вас се сеќаваат на големата трагедија што ја снајде соседна Грција, каде во голем пожар во областа Атика настрадаа голем број на лица. Многумина од нив ќе се спасеа ако не беа дивоградбите, кои ги спречија да стигнат до морето.

Или ако овој пример за штетните последици од дивоградби Ви е премногу екстремен и далечен, ќе Ве потсетам на случајот кај нас кога Охридското езеро се врати по своето и ги „демолираше“ кафулињата кои влегле во неговите води.

Лекцијата од овој пример не ја научивме, а на крај Охриѓани дури и платија за штетите на овие кафулиња.

Допрва ќе гледаме во живо како ќе изгледа кога Водно во Скопје ќе дојде по своето.

Ништо поразличен не и е ни примерот со дивоградбите на Матка. Да не објаснувам што значи диво. Најпросто: нешто што не му е место таму, оти ќе направи проблем и штета.

Тажно беше да се гледа деновиве како една по друга институциите се прогласуваа за ненадлежни за последната дива платформа што никна таму, а смешно да се слушат владините функционери како ќе правеле и ќе стигнеле да направат реформи за да сме добиле датум за преговори со ЕУ.

Случајот со Матка има многу поголема димензија. Покажува на терен колку оваа држава навистина е нефункционална и затоа не треба да и се лутиме на Франција, ни на Холандија, ни на Белгија, оти не се сигурни дали сме за кај нив.

Треба да им се лутиме на нашите функционери и институции, кои по којзнае кој пат не успееа да се справат со еден ваков проблем. Еми како ќе се справат со нешто покрупно?

Бреј ни една дива платформа неможат да срушат!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Антикорупциска отвори предмет за дивоградбата на Матка, оти сите институции се прогласија за ненадлежни

Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најмногу дожд наврна во Ѓуриште, Тетово, Прилеп и Пожаране

Редакција

САД: Преговорите на ЕУ со Македонија и Албанија да започнат што е можно побргу 

Редакција

Министерот Оливер Спасовски најсериозен кандидат за технички премиер

Редакција