еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кривичен им одреди притвор на осум лица, од кои шест се на возраст меѓу 18 и 22 години за настаните пред Собрание

Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство определи мерки притвор за осум лица кои учествувале во настаните пред Собранието на 5-ти јули 2022 година.

За седум лица судот им определи мерка куќен притвор, а на еден од осомничените мерка притвор, сите во траење од осум дена.

– Ја информираме јавноста дека осум лица во текот на вчерашниот ден беа спроведени пред судија на претходна постапка при Кривичниот суд, кој по произнесување на осомничените во присуство на бранител, донесе решенија со кои на 7 од осомничените им определи мерка куќен притвор, а на еден од осомничените мерка притвор, сите во траење од 8 дена согласно предлогот на обвинителството за водење на истрага во скратеан постапка, а заради постоење на основите од чл. 470 ст.1 т. 1 и 2 од ЗКП, односно опасност од бегство и можност да го повтори делото, се вели во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.

Против овие, неправосилни решенија, странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Осуммина, од кои шест се на возраст меѓу 18 и 22 години, осомничени за учество во толпа пред Собранието

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Руските мајки да дојдат во Киев да си ги земаат заробените синови, порачуваат од украинското Министерство за одбрана

Редакција

ДИК: На медиумите за изборите исплатени 3,7 милиони евра

Редакција

Народната банка вработува осум лица, плата до 43.815 денари

Редакција