еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Осудени лица од КПУ Затвор Скопје со уверенија за успешно завршена стручна обука

Во изминатиот период во КПУ Затвор Скопје со поддршка на Управата за извршување на санкции, а во соработка со програмата за развој на Обединетите Нации УНДП и Министерството за образование се одржа обука за стручно оспособување на осудените лица во дрво преработувачката и браварската дејност.

Обуките беа одржани во столарската и браварската работилница при КПУ Затвор Скопје од страна на професори од стручните средни училишта „Партение Зоографски“ и ,„Ѓорѓи Димитров“.

„Ова е од исклучителна важност за осудените лица кои во изминатиот период се стекнаа со знаење и практични вештини за наведените дејности и можност повеќе за конкурентност на пазарот на труд.

Воедно ни преставува особено задоволство што обуки од ваков вид за прв пат се реализираат во нашата установа, имаше голем интерес од страна на осудените лица за нивно остручување и стекнување на практични знаења во делот на занаетите“, изјави директорот Ѓоко Котевски.

По повод успешно спроведената обука и остручување во рамки на проектот „Креирање можности за работа за сите“, денес во Управата на КПУ Затвор Скопје свечено беа доделени Уверенија за успешно завршена обука на осудените лица.

Фото: КПУ Затвор Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нов салон на Sony Galery со ексклузивни новитети

Редакција

Браво: Тимовите на Мама Италијана и Пица Драма ќе доставуваат бесплатни пици за загрозени семејства

Редакција

(Фото) Жените од Шуто Оризари конечно добија матичен гинеколог

Редакција