еМагазин
БАШ НИ Е ЌЕФ

НЛБ Банка со новитети во мобилното и електронското банкарство

НЛБ Банка воведе нова верзија со нови функционалности на НЛБ мКлик мобилното банкарство, како и нова платформа на НЛБ Клик електронското банкарство за физички лица, со што ја продолжува репутацијата на Банка предвесник во дигитализацијата на банкарството во нашата земја, информираат од компанијата.

Новите верзии на НЛБ мКлик мобилното и НЛБ Клик електронското банкарство се со нов, модерен и интуитивен дизајн, а како една од најзначајните новини е можноста за извршување на платниот промет со странство.

„Со тоа НЛБ Банка оди чекор понапред кон задоволување на корисничките потреби и реализирање на сите банкарски трансакции на едно место.

Во продолжение се дел од новите функционалности на НЛБ мКлик мобилното и НЛБ Клик електронското банкарство:

• Вршење на девизен платен промет (плаќање на налози и распределба на девизни приливи)

• Можност за промена на лимити за дневни и месечни трансакции реализирани преку НЛБ Клик и НЛБ мКлик

• Можност за брзо креирање, снимање, потпишување и препраќање на налози

• Поголема безбедност при плаќање со дополнителна автентикација со ПИН или со отпечаток од прст при плаќање на налози преку мобилно банкарство

• Нотификација за прилив од странство преку мобилно банкарство

• Можност за активација и деактивација на мобилно банкарство директно преку електронско банкарство

• Можност за финансиска анализа на потрошувачката преку електронско банкарство.

Новата верзија на НЛБ мКлик апликацијата веќе е достапна на Google Play и Apple store“, информираат од компанијата.

Повеќе информации можат да се добијат во најблиската експозитура на Банката, на телефонскиот број 02/15-600 или на nlb.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонски јазик ќе се учи и на Универзитетот во Анкара

Редакција

(Галерија) Revalid® ја промовираше новата револуционерна линија на производи против опаѓање на коса во Македонија

Редакција

ЕВН пионер во промоција на дигиталното учење во дуалното образование

Редакција