еМагазин
Бизнис

Македонската берза јавно ги опомена ДС Смитх, РЖ Институт и Жито Караорман

Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје донесе одлука за изрекување на мерката јавна опомена на следниве друштва котирани на Официјалниот пазар:

ДС Смитх АД Скопје, друштво котирано на подсегментот Берзанска котација заради ненавремено објавување на неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01.-31.12.2018 година.

РЖ Институт АД Скопје, друштво котирано на подсегментот Берзанска котација заради необјавување на известување дека неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01.-31.12.2018 година наместо на 01.03.2019 ќе ги објави најдоцна до 15.03.2019 година и ненавремено објавување на образложение кон неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01.-31.12.2018 година.

Жито Караорман АД Кичево, друштво котирано на подсегментот Задолжителна котација заради необјавување на неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01.-30.06.2018 година, необјавување на неревидираниот биланс на успех за периодот 01.01.-30.09.2018 година, како и необјаување на неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01.-31.12.2018 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Силни жени од цел свет кога ќе се обединат на едно место, нема сила што може да ги спречи во остварување на целите

Редакција

Продаден блок акции од „Алкалоид“ за 189.000 евра

Редакција

„Уника“ го доби тендерот за колективно осигурување на вработените во Министерството за одбрана и припадниците на АРМ

Редакција