еМагазин
Image default
Забава

Фронтменот на „Мизар“ Горан Таневски издава три нови албуми по повод 35 години кариера

Горан Таневски – фронтмен на „Мизар“ и еден од највлијателните вокали на југословенските простори, по повод 35 години од својата кариера издава три нови албуми и организира концерт со кој ќе се заокружи неговата плодна тридецениска кариера.

Во пресрет на концертот кој ќе се оддржи на 13 јуни во МКЦ, Таневски и неговиот бенд организираат јавна проба на која ги покануваат да присуствуваат и медиумите.

Јавната проба ќе се оддржи на 30 мај (четврток) со почеток во 18.30 часот во студиото на Таневски кое е во склоп на Макотекс – стара телевизија (во непосредна близина на телевизија Телма).

Таневски е музичар и сестран уметник. Композитор, пејач, текстописец кој остави печат врз македонската музичка сцена во својата плодна кариера, а е и еден од имињата со кои се поврзува алтернативниот рок на македонската музичка сцена.

Таневски го предводеше Мизар во периодот од 1984 до 1991 година а според музичките критичари е еден од највлијателните вокали на овие простори.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре до 29 септември Skopje street food festival

Редакција

Каролина на 1 јули ќе одржи концерт на стадион на АРМ, ќе ги пее сите нејзини хитови кои ѝ ја одбележаа кариерата

Редакција

(Фото) Ивана Кнез со тајна вечера го отвори Скопски моден фестивал

Редакција