еМагазин
Image default
Локално

Кривична пријава за поранешниот градоначалник на општина Василево

СВР Струмица поднесе кривична пријава против В.С.(52) од село Едрениково, општина Василево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, информира МВР.

Во периодот од 2013 година до 2017 година пријавениот, како градоначалник на општина Василево, без претходна одлука на Советот на општина Василево, издавал решенија за трошоци за гориво за приватни и службени патувања на вработени и лица кои не биле вработени во наведената општина, со патнички возила кои не биле во сопственост на општината. Со ова, пријавениот нанел штета од 303.900 денари на Буџетот на општина Василево.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР при претрес на дом откри фалсификувани евра

Редакција

Билет за едно возење со автобус низ Тетово ќе чини 20 денари, бесплатно за лицата со попреченост

Редакција

Шеесетгодишник од Теарце починал додека управувал возило по што излетал од патот

Редакција