Базата на податоци изработена од Центарот за граѓански комуникации која се однесува на амбулантните возила открива дека во земјава има вкупно 183 амбулантни возила, со кои располагаат 47 здравствени институции.
Просечната старост на овие возила се 11 години и дури 53% се добиени како донација или на користење од друга здравствена институција.
„Најмногу амбулантни возила има во Скопје, 30 и во Охрид и Битола по 12. Следат Велес и Куманово каде што има по 8 амбулантни возила. Двете најстари возила се од 1988 година, а најупотребуваното има поминато дури 1 милион и 360.000 километри.
За споредба со амбулантните возила, министерствата и општините (според базата на податоци што Центарот за граѓански комуникации ја објави во октомври 2018 година) имаат на располагање 2.645 патнички возила, што значи дека на секое 15-то патничко возило доаѓа по едно амбулантно возило“, се вели во истражувањето.
Базата на податоци е изработена врз основа на добиени одговори на барања за слободен пристап од сите 90 здравствени институции во земјава.