Со тесно мнозинство, европратениците ја избраа Урсула фон дер Лајен за претседателка на Европската комисија, а денеска таа ќе поднесе оставка од функцијата министер за одбрана на Германија.
Таа важи за една од најблиските партнери на германската канцеларка Ангела Меркел.
Во нејзината биографија пишува дека на 13-годишна возраст се преселила од Брисел во Геманија сo семејството.
Учела економија во Лондон, а потоа и медицина во Хановер, каде што специјализирала гинекологија.
Специфичен личен податок за неа е што е мајка на седум деца, што денеска е реткост во Германија, но и во поголемиот дел од Европа.
Во кариерата извршувала повеќе високи раководни функции на локално и на сојузно ниво во Германија и била на чело на повеќе министерства.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е Урсула фон дер Лаин: Мајката на седум деца што го крши мразот во европската политика