еМагазин
Image default
Бизнис

„МојДДВ“: Скенирани близу три милиони фискални сметки, повратот на ДДВ околу 400.000 евра

Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека од 1 јули 2019 година кога започна реализацијата на мерката поврат на 15 % од пресметаниот ДДВ, апликацијата МојДДВ преку google play store и Apple store ја презеле над 140.000 граѓани.

„Заклучно со 15 јули 2019 година, скенирани се вкупно 2,993,788 фискални сметки, остварен е промет од 1.572.173.704 денари, а повратот од 15% од пресметаниот ДДВ изнесува 25.368.380 денари.

Управата за јавни приходи ја известува јавноста дека граѓаните кои не се во можност да ја користат апликацијата „МојДДВ“ на своите телефони, може да ги користат услугите коишто ги нуди УЈП во сите свои Организациони единици кадешто фискалните сметки може да се скенираат на киоск апарати, баркод читачи како и паметни телефони на кои е инсталирана апликацијата „МојДДВ““, информираат од УЈП.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Највисоки просечни нето-плати во декември лани

Редакција

Пад на индустриското производство во август од 5,1%

Редакција

Инвестиција од 15 милиони евра и до 1.500 нови вработувања: Почна со работа новиот производствен погон на Леар и Нормак во ТИРЗ Тетово

Редакција