еМагазин
Image default
Локално

Леш од мачено куче пронајдено во Стојаково

На 21.07.2019 во 11.40 часот во Полициска канцеларија Богданци, Н.Р.М (41) – адвокат од Здружение за заштита на животни „Анима мунди“, пријавила дека на излез од село Стојаково, општина Богданци било пронајдено починато куче кое имало видливи траги на мачење по телото, информира МВР.

За настанот е известен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Гевгелија, а увид на местото извршила екипа на Полициска станица Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жител на Добрејци нападнал полицаец

Редакција

Претседател и секретар „молзеле“ пензионерско здружение во Охрид

Редакција

Од залутани куршуми повредено момче и оштетена шофершајбна

Редакција