еМагазин
Image default
Локално

Го застрелал за да „расчисти“ расправија околу напасување добиток

На 18.08.2019 околу 17.43 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со повреди добиени од пиштол е донесен З.А.(30) од с.Мојанци, општина Арачиново, информира МВР.

Осомничен е Б.Р. (28) од с. Брест, кој според првичните сознанија, пукал во З.А. откако претходно, околу 16 часот А.А., брат на З.А., со стап го нападнал и му нанел повреди на таткото на Б.Р. на пасиштата над с.Арачиново по расправија околу напасувањето на добитокот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На 27-годишна девојка и се слошило во хотел во Чаир, починала на Клиника

Редакција

Пешак загина под тркалата на џип „БМВ Х6“ на скопската обиколница

Редакција

Кривична пријава за семејно насилство во Крива Паланка

Редакција