еМагазин
Image default
Локално

Го тепале и киднапирале поради нерасчистени долгови

На 15.09.2019 околу 15.40 часот во СВР Тетово, Х.А.(39) од село Градец, гостиварско, пријавил дека на автобуската станица во Тетово физички бил нападнат од Б.Н.(32) од с.Добридол, гостиварско, а потоа противправно бил лишен од слобода во работилница на Б.Н., каде бил и М.Н.(36), информира МВР.

Според пријавеното, причина за физичкиот напад биле нерасчистени должничко-доверителски односи. Подоцна, Б.Н. сам се пријавил во полициска станица, а М.Н. бил приведен. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Работник од Скопје се удави во шахта на патот Штип-Радовиш

Редакција

35-годишен скопјанец починат донесен во „8 Септемрви“

Редакција

Ултра распродажба во Капитол мол од 30. август до 6. септември

Редакција