еМагазин
Image default
Локално

Го киднапирале откако излегол од кафана, па го пуштиле

Дваесет и осумгодишник од тетовското село Џепчиште во СВР Тетово пријавил дека под закана со оружје насилно бил внесен во возило, а за неколку минути подоцна бил пуштен. Настанот се случил вчера околу 20 часот кога излегол од угостителски објект во селото.

„Откако насилно бил внесен во „голф 7“ со скопски регистерски ознаки во кое се наоѓал 42-годишниот Ј.А. од тетовска Мала Речица и уште неколку други лица, возилото се упатило кон населбата Дреновец во Тетово. Набрзо потоа 28-годишникот бил симнат од возилото. Нешто подоцна, Ј.А. самиот се пријавил во полициската станица Тетово“, информира СВР Тетово.

Приведениот е задржан, а СВР Тетово најавува соодветна пријава.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре автобусите 100 и 200 ќе сообраќаат до Саемот на книга во СЦ „Борис Трајковски“

Редакција

Бројот на вакцинирани се зголемува: Вакцинирани вкупно 1.018 деца

Редакција

Кучето на сосед искасало малолетник во Скопје

Редакција