Полициска станица Валандово поднесе кривична пријава против Д.Б.(40) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, информира МВР.
На 07.06.2019 во болницата „Медикус“ во Струмица, В.Р. од Струмица пријавила дека Д.Б. ѝ одзел паричник во кој имало банкарска картичка во нејзина сопственост, по што од банкомат во Валандово Д.Б. со картичката повлекол 80.000 денари.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.