А1 Македонија со задоволство ја најавува најновата и усовршена верзија на виртуелниот експерт базиран на вештачка интелигенција – „Славчо”, со уште повеќе функционалности, дизајниран да понуди помош и поддршка за сите прашања на корисниците поврзани со услугите на А1.
„Четботот „Славчо“ е дел од А1 Гуру платформата преку која корисниците имаат можност да добијат одговори на своите прашања без да посетуваат продажни салони или да се јавуваат во Контакт Центарот и на едноставен начин да пристапат до виртуелниот асистент што ќе одговори на сите нивни прашања, но и ќе им помогне во надминување на било каква техничка потешкотија со нивните услуги.
Со неговото усовршување, А1 Македонија ја потврдува својата определба да обезбеди дигитални алатки кои овозможуваат наједноставен и најлесен начин за комуникација со своите корисници и го прави процесот на набавка и користење на услугите од богатото портфолио пријатно искуство”, изјави Методија Мирчев, извршен директор на А1 Македонија.
„Славчо” е првиот виртуелен експерт во форма на четбот со човечки карактеристики кој може да комуницира на македонски јазик, притоа разбирајќи кирилица и латиница.
Освен помош при избор на телефонски уред, виртуелниот експерт може да понуди помош и техничка поддршка за користење на мобилни и фиксни услуги на А1 – интернет, телефонија и телевизија, помош за брзо, безбедно и едноставно плаќање на месечните сметки, проверка на состојбата на сметка и надополнување на кредит за припејд корисниците, активирање, деактивирање на услуги и пакети, како и информации за тарифи и промоции.
Четботот се справува со повеќе области на знаење со тоа што инкорпорира комбинација на модули за длабинско учење и машинско учење кои се одговорни за разбирање на контекст и составување на пораки.
Комуникацијата со „Славчо” е целосно бесплатна, a за да се допишуваат со него, корисниците треба едноставно во пребарувачот да пристапат преку веб страницата на А1 Македонија или преку апликациите Viber и Facebook Messenger.
Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk.
КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА