Кој е Адмир Шабани, новиот заменик министер за одбрана

Кадарот на владејачката коалиција “Вреди“, Адмир Шабани вчера во македонското Собрание беше избран за нов заменик министер за одбрана.

Дритон Сулејмани, од истата коалиција, пак беше избран за нов заменик министер за образование и наука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Адмир Шабани и Дритон Сулејмани избрани за нови заменици министри

Кој е Шабани

Тој е дипломиран правник. Дипломирал на Правниот факултет при Државниот универзитет во Тетово.

Тој е автор и коавтор на повеќе публикации, а поседува и повеќе сертификати.

Зборува и македонски, српско-хрватски и англиски јазик.

Во делот на технички познавања посочил и дека користи и АИ алатки.

Работно искуство и политичка кариера

На новата позиција доаѓа од Државната изборна комисија (ДИК) каде бил раководител на Секторот за континуирана едукација, односи со јавност и меѓународна соработка, и како портпарол, од март лани.

Од февруари 2022 до март 2025 година работел во државната Агенција за вработување, каде бил раководител на Секторот за управување и развој на човечки ресурси.

Од март 2008 до февруари 2022 година работел во ДИК, како раководител на Секторот за континуирана едукација, односи со јавност и меѓународна соработка, и како портпарол.

Од 2012 до 2019 година бил раководител на Одделението за едукација во ДИК, и како портпарол на ДИК од 2016 година.

Од 2008 до 2012 година бил помлад соработник за подготовка и следење на седници на ДИК.

Од декември 2007 до март 2008 година работел во македонската Влада како помлад соработник во Генералниот секретаријат.

Од август 2007 до март 2008 година работел во Катастарот на недвижности во Тетово на проект на Светска Банка за етажна сопственост и регистрација на недвижностите.

Од 2006 до 2007 година бил волонтер во Основен суд Тетово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Дритон Сулејмани, новиот заменик министер за образование

Фото: Собрание/Гаши/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести