Дритон Сулејмани, од владејачката коалиција Вреди, завчера во македонското Собрание беше избран за нов заменик министер за образование и наука.
За нов заменик министер за одбрана пак беше избран Адмир Шабани од истата коалиција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Адмир Шабани и Дритон Сулејмани избрани за нови заменици министри
Кој е Сулејмани
Тој е дипломиран економист, насока маркетинг менаџмент. Дипломирал на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.
Зборува македонски и англиски јазик (има меѓународен сертификат Булатс В2 ниво).
Работно искуство и политичка кариера
На новата позиција доаѓа како професор по економски предмети во СУГС “Цветан Димов“ во Скопје, каде работи од ноември 2009 година.
Во периодот од 2019 до 2021 година бил директор на Природнонаучниот музеј во Скопје.
Во периодот од 2021 до 2025 бил советник во Советот на Општина Куманово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Адмир Шабани, новиот заменик министер за одбрана
Фото: Собрание/Гаши/Фејсбук














