еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Aфриканската свинска чума се шири низ Македонија

Од 6 јануари годинава кога во делчевското село Драмче првпат беше регистрирана појава на африканска свинска чума во земјава, до вчера се констатирани нови случаи и во Моштица, Мојанци, Пресека, Тркање и Виничка Кршла, соопшти денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски.

Бабовски нагласи дека на удар се малите одгледувалишта со по една, две или три свињи за домашна употреба, кои не применуваат биосигурносни мерки и тие, рече, се најголемата опасност за ширење на болеста.

Тој апелира сите одгледувачи на свињи, официјалните ветеринари на АХВ или најблиските ветеринарни друштва, навреме да го пријават секој сомнителен случај на африканска чума за да се спречи ширењето на болеста.

Извор и резервоар на вирусот, потенцира Бабовски, се дивите свињи, а болеста која ја има во регионот е веројатно пренесена кај нас од соседна држава.

Директорот уште еднаш повика граѓаните да не се грижат, зашто африканската чума не е опасна за луѓето, ниту месото од заболените свињи е штетно, но болеста може да се шири зашто вирусот останува активен во свежото месо.

Бабовски повторно апелираше свињите да се чуват во затворен простор и секој сомнителен случај веднаш да го пријават.

-Големите фарми не се во регионот што е сега зафатен со африканска чума. Се работи за поединечни случаи. Потсетуваме дека сточарите ќе добијат отштета само доколку пријават сомнително и заболено животно кај кое ќе се потврди присуството на болеста, а не и за угинатите животни.

Ако случаите не се пријават, на одгледувачите не им следува финансиски надомест. Отштета не следува и за свињите кои се чуваат на отворено, спротивно на забраната, кои ќе бидат одземени и нештетно отстранети на товар на одгледувачот, рече Бабовски на прес-конференција.

Тој потсети дека главни преносители се дивите свињи, но и несовесните граѓани кои без да водат сметка за хигиена и за примена на соодветните мерки, излегуваат и влегуваат на фармите.

-Забрането е одгледувањето свињи на отворено, без контрола или ако има испуст тоа треба да биде со двојна ограда, а растојанието меѓу двете огради мора да изнесува најмалку еден метар, рече директорот, осврнувајќи се на мерките за заштита.

Категоризацијата што ја спроведе АХВ и со која беа опфатени 5.608, покажа дека 708 ги спроведуваат целосно биосигурносни мерки и се со низок ризик, најголем број или 4.219 се од среден ризик, односно спорведуваат мерки но, не во целост и 681 фарма не спроведува биосигурносни мерки.

Од 26 август до денес, подвлече Бабовски, стручни екипи на АХВ се секој ден на терен каде вршат вонреден попис.

Африканска свинска чума и во селото Облешево

Африканска свинска чума кај една свиња во импровизирано одгледувалиште или народски кажано кочина е потврдена денеска во село Облешево во Општина Чешиново-Облешево, потврди за МИА раководителот на Секторот за здравствена заштита при Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Вања Кондратенко.

Во моментов екипи на АХВ се на терен и се прави попис на свињите во радиус од три километри, кои мора да се уништат во специјализирана јама, а потоа и за свињите во радиус од 10 километри, што треба да се однесат во кланица.

Во рок од половина месец во регионите на Македонска Каменица, Кочани, Виница и Чешиново-Облешево утврдени се вкупно шест жаришта на африканска свинска чума, а од почетокот на заразата во делчевско Драмче има вкупно седум жаришта.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„На Захариева и паднал шеќерот“: Твитер „поцрвене“ по последниот апсурд за славењето на Тито

Редакција

Поради големиот број на заразени со Ковид-19 во Хрватска, сите поголеми болници во Загреб стануваат ковид-центри, се подготвува и Арена

Редакција

„Aктивните напади“ помеѓу двете страни би можеле да завршат за три недели, прогнозира советник на Зеленски

Редакција