еМагазин
Image default
Македонија

Ќе се пролонгира рокот за добивање потврда од специјалист за хронично болните лица

Од Министерството за здравство соопштија дека, хронично болните лица до 23-ти септември треба да посетат специјалист и да добијат потврда со која поради нивната дијагноза и состојба нема да можат да се вратат на работа, но, како што истакнаа, доколку не стигнат да ги обезбедат потврдите, рокот ќе биде пролонгиран.

Од Министерството истакнаа дека, за да можат пациентите да го реализираат тоа, пуштени се дополнителни термини во Мој Термин и е-амбуланта.

–  Доколку до 23 септември овие пациенти не стигнат да ги обезбедат потврдите, рокот ќе биде пролонгиран. Со ова ќе се овозможи секој пациент, кој навистина треба да биде ослободен од работа и за да се избегне злоупотреба на системот, лекарот специјалист врз основа на својата експертиза и состојбата на пациентот ќе процени дали тој може да се врати или ќе добие потврда дека е ослободен од работа, велат од од МЗ.

За потребите на системот, направена е измена на правилникот за боледување во Фондот за здравствено осигурување и значително се олесни процедурата со која се овозможува лекарот специјалист да даде потврда за отсуство од работа во времетраење од шест месеци.

– Со препораката на Комисијата за заразни болести и одлуката на Владата и натаму ќе бидат заштитени најризичните категории.

Според одлуката, оние кои навистина треба да бидат дома, остануваат дома и целосно ќе се избегне злоупотреба на системот. Согласно истата одлука, ослободени од работа ќе бидат и бремени жени до крајот на годината, односно до 31 декември, велат од МЗ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хронично болните и лицата кои користат продолжено породилно, од среда се враќаат на работа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 89 случаи на Ковид-19 од 1.760 тестови, 21 се реинфекции

Редакција

Убава вест: Оздравени 1.369 болни од Ковид-19

Редакција

Заев: Треба да се утврди дали Груевски е надвор од државата за да се знае дали е во бегство или не

Редакција