еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Актери, спортисти и поп ѕвезди ќе седнат на берберски столици за подигнувње на свеста за машкото здравје

Во организација на Фризерската секцијата од Скопје (при Занаетчиската комора) и Скопје Сити Мол, на 12. ноември, традиционално ќе се одржи „Бербер шоу“ со што ќе се одбележи „Моември“ – месецот на машкото здравје, информираат од таму.

Настанот ќе трае од 12 до 17 часот.

Ноември е месец во кој се степенува важноста на машкото здравје. Моември, меѓу другото, подразбира и растење мустаќи во текот на овој месец како поддршка на мажите.

Овој забавен настан организаторите го најавуваат како: „Најмажествената битка на годината и највозбудлив настан за мажите. Со овој популарен неколкучасовен настан се приклучуваме кон светското одбележување на „Моември“, кој, покрај забавниот карактер има за цел и да ја информира и едуцира машката популација“.

Настанот ќе го модерира актерското дуо Тино и Атанас и ќе се случува на приземјето од Скопје Сити Мол, каде на сцена ќе бидат поставени четири берберски столици. Мустаќите и брадата се симбол на движењето Моември. Па затоа, повеќе од 50-тина машки бербери од цела Македонија, вклучувајќи и неколку жени бербери ќе им ги стилизираат мустаќите и брадите на повеќе машки модели.

На настанот ќе земат учество и учениците од средните стручни училишта „Димитар Влахов“ и „Шаип Јусуф“ од Скопје, кои ќе ги претстават стекнатите вештини на живи модели.

Меѓу останатите, на берберските столици ќе седнат и познатите актери Игор Ангелов и Дритон Вејсели, Панчо од позната поп група ДНК, националниот рекордер во пливање Мартин Стефановски и други јавни личности, со цел да се покрене свеста за машкото здравје.

Членовите на Веспа клубот „Весписти Скопје“ го потврдија своето присуство на настанот, како и мотоциклистите од Христијанска мото асоцијација – CMA Macedonia.

На посебна локација предвиден е засебен дел „Бербер корнер“, каде, секој заинтересиран посетител ќе може да добие бесплатна услуга, потстрижување и стилизирање на мустаќи и брада и наедно ќе може да ги испроба најновите козметички производи за нега.

Настанот ќе биде заокружен со доделување награди на сите учесници и бербери.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) „Деловен успех и среќа“, „Вештачка интелигенција“,„Среќен роденден“: Нови пари за колекционерски цели

Редакција

Голем интерес за учество во бонус играта на Државна лотарија „Играј online и заврти за бонус“

Редакција

(Фото) Атиџе раскажуваше за детството и ги учеше децата од Лозово и нивните гости како да бидат здрави

Редакција