еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Активирајте Gley преку Мојот А1 и гледајте ги најпопуларните серии и филмови

А1 Македонија со задоволство ја најавува најновата соработка со првата македонска национална видео-стриминг платформа Gley и ја информира јавноста дека отвара уште една можност за своите корисници да пристапат до богат избор на домашни, регионални и светски филмови и серии на едно место, сите преведени на македонски и албански јазик, информираат од таму.

Со оваа соработка, сите постпејд А1 корисници на мобилните и фиксни услуги добиваат ексклузивна можност да пристапат до атрактивните содржини на Gley со активирање на Glеy Standard пакетот за месечна претплата од само 299 денари месечно и тоа да ги следат Gley содржините на 2 уреди истовремено или да го активираат Gley Family пакетот и за 399 денари месечна претплата да гледаат на 4 уреди истовремено.

Дополнително, сите кои ќе активираат еден од двата пакети добиваат период од 7 дена бесплатно следење на Gley содржините.

Активацијата на Gley пакетите е можна преку Мојот А1, со повик во Контакт центарот на А1 на 077 1234 или преку продажните места на А1. Со активацијата, корисникот ќе добие код кој ќе го употреби при регистрација на Gley со што ќе може да ужива во најпопуларните серии и филмови кога било и каде било и да ги следи на сите уреди по свој избор во HD резолуција со квалитетен звук на LG, Samsung и Android TV смарт-телевизорите, на персонални компјутери, таблети или мобилни телефони со инсталација на апликацијата Gley.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Светскиот ден на вранецот одбележан онлајн со голем број посетители од светот

Редакција

Витаминка ги применува највисоките производни стандарди за безбедност на храна

Редакција

(Фото) Со иновативната Еуцерин Hyaluron-Filler + Elasticity Day Rosé SPF30 ќе заборавите на бледата и уморна кожа

Редакција