еМагазин
Image default
Македонија

Алтернатива: Немаме информации дека ќе бидеме заменети во Владата во која бевме замолени да влеземе

Алтернатива нема информации за реконструкција на Владата и за замена на партијата во владината коалиција со Алијансата на Албанците, а и премиерот Димитар Ковачевски денеска официјално потврди дека тоа се само шпекулации, истакнуваат за МИА од партијата.

Според истите извори, за тоа дали Алтернатива ќе ја напушти владината коалиција не одлучува никој друг, освен партиските органи кои што и донесоа одлука за влез на партијата во Владата.

– Вие знаете дека Алтернатива ја стабилизира оваа Влада и тоа го знаат добро и нашите владини и меѓународните партнери. Ако некој заборавил на тој чин на Алтернатива, тоа сигурно не е од склероза.

Ние не влеговме во Владата, бидејќи молевме или се додворувавме, туку бидејќи бевме замолени од низа домашни и странски фактори да го сториме тоа, поради процесот на евроинтеграцијата, велат од Алтернатива.

Од партијата посочуваат дека парламентарното мнозинство е стабилно и нема потреба за негово засилување, потенцирајќи дека односите со другите партнери во Владата им се коректни и „во рамките на колегијални односи“.

Во одговор на новинарско прашање за медиумските написи за наводна „реконструкција на Владата до Нова година“ и за смена на министерот за здравство Беким Сали, кој е член на Алтернатива, со кадар на Алијансата за Албанците, премиерот Димитар Ковачевски денеска истакна дека Владата во моментов функционира со мнозинство од 64 пратеници, што беше потврдено и при изборот на новиот министер за локална самоуправа.

Тој посочи дека се што се пишува за реконструкција на Владата во овој момент е во доменот на шпекулациите.

– Јас не сум ги видел утрово натписите за кои што зборувате. Во моментов, Владата функционира со мнозинство од 64 пратеници и тоа беше потврдено на изборот на новиот министер за локална самоуправа. Јас не сум имал разговори како премиер, бидејќи премиерот предлага министри во Владата во случај на реконструкција, така што се тоа што се пишува во овој момент е во рамките на шпекулации, рече Ковачевски.

МИА/фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

300 евра казна и тригодишна забрана за влез за Бугарите кои на Деве Баир се обидоа физички да нападнат полицајци

Редакција

Продолжува судењето за насилството во Собрание

Редакција

Судењето за „Рекет” продолжува со последните сведоци на Боки 13

Редакција