еМагазин
Image default
Македонија

Стојанче Ангелов: Скандирањето „УЧК” ја разгорува меѓуетничката омраза и не оди во прилог на помирувањето 

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов денеска на својот Фејсбук профил силно го осуди скандирањето „УЧК” на вчерашниот протест за случајот „Монструм“.

Според Ангелов, скандирањето од ваков тип ја разгорува меѓуетничката омраза и не оди во прилог на процесот на помирување.

-СИЛНА ОСУДА. Скандирањето „УЧК, УЧК…” за време на кој било протест или друг јавен настан, без разлика колкава е бројноста на групата која скандира, ја разгорува меѓуетничката омраза и не оди во прилог на процесот на помирување за кој толку многу зборуваме и се залагаме, поради што треба да биде цел на силна општествена осуда од сите значајни општествени фактори.

Уште повеќе иритира фактот дека вакво скандирање се случи на протест за случајот „Монструм” во кој се води судска постапка за сурово убиство на 5 недолжни лица, напиша Ангелов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Скандирање УЧК, димни бомби, камења за полицијата и погрдни зборови за Фетаи на протестот за подршка на на обвинетите во „Монструм“

Фото: Фејсбук/Ангелов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Мицкоски: Во понеделник да се распушти Собранието, има време за вонредни парламентарни избори

Редакција

Од Ковид-19 починаа 26, најмладиот пациент имал 30 години

Редакција

Убава вест: Во Пијанечко-малешевскиот регион само еден активен случај на Ковид-19

Редакција