еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

ATS Group ги претстави своите иновации на SHOT Show 2025

ATS Group ја претстави земјата на SHOT Show 2025, најпрестижниот саем за професионалци од областа на одбрана и огнено оружје. SHOT Show е водечки настан од затворен тип, каде може да се погледне најновата генерација на воена опрема што не може да се најде на ниедно друго место, и поставува нови стандарди во индустријата. Организиран од светската Трговска асоцијација за огнено оружје (NSSF), секоја година привлекува над 2.400 изложувачи од повеќе од 100 земји ширум светот.

На овогодишниот настан, ATS Group настапи со проширено портфолио, вклучувајќи маневарска и муниција со челично јадро, современа мешавина на барут со супериорни перформанси и композитен балистички текстил, што во моментов го произведува само една фабрика во Европа.

Компанијата го нагласи и значајното зголемување на производството на каписли, клучна компонента која се соочува со сериозен недостиг на глобално ниво. Дополнително, ATS Group најави дека започнува со сериско производство на артилериска муниција во 2025 година, а наскоро се очекува и производство на воени дронови.

„Светот се соочува со недостиг на воен арсенал и зголемени буџети за одбрана. Мала земја како нашата успева да се натпреварува со најголемите играчи во индустријата, преку пласман на исклучително дефицитарни производи и инвестиции во хибридна технологија.

Како еден од главните столбови на македонската економија, оспособуваме нови генерации на иноватори што ќе ја креираат иднината, и не застануваме тука. Нашата адреса е секаде каде што е потрошувачот,“ изјави Шевшет Демировски, сопственик на ATS Group.

Трите фабрики на ATS групацијата (технологија, муниција и балистика), неодамна добија нов член на семејството (фабрика за балистички текстил). Посветени на постојан раст и иновации, ATS Group го дизајнира, произведува и прилагодува сопствениот машиниски парк, со цел да го зголеми производството во пократки временски рокови и успешно да одговори на зголемената побарувачка.

Компанијата неодамна инвестираше дополнителни 60 милиони евра во целосен редизајн и дигитализација на капацитетите, воведувајќи напредни паметни сензори и системи за предвидливо одржување, за оптимизација на процесите.

Во рамки на стратегијата за раст, ATS Group инвестира во ултрамодерна фабрика за муниција во Тексас (САД), истовремено проширувајќи го своето глобално присуство со отворање на претставништво во Лондон и наскоро отворање на канцеларии на повеќе стратешки локации низ Европа, а најави и проширување со нови фабрики на други континенти.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почнува трката: Распишан огласот за субвенции за ПВЦ и алуминиумски прозорци

Редакција

ООУ „Лазо Ангеловски“ во Аеродром стана првото целосно инклузивно училиште во Македонија

Редакција

СЗО: Вакцини од програмата Ковакс испратени во 190 земји

Редакција