
Која е Цвета Ристовска, членката на Антикорупциска, која поднесе оставка
Цвета Ристовска е вториот член на актуелниот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), која поднесе оставка. На ваков чекор се одлучи откако ДКСК отвори два предмети за нејзе. Во оставката меѓу друго вели дека во текот на целата професионална кариера работела законито, совесно и со најдобра намера.



























