Каков имот пријавил Блерим Беџети, поранешниот градоначалник на Сарај, кој заработи нова кривична

Поранешниот градоначалник на Општина Сарај, Блерим Беџети (49), заработи нова кривична пријава од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Тој е осомничен за кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична за Блерим Беџети, поранешниот градоначалник на Сарај

Според МВР тој овозможил на фирма незаконски да се стекне со корист од над 42 милиони денари.

Со кривичната е опфатено и службено лице од Град Скопје.

Беџети, кривичната ја оцени како политички притисок, а не правна постапка.

еМагазин разгледа каков имот пријавил до Антикорупциската комисија кога станал градоначалник.

Каков имот пријавил

На свое име нема недвижен имот.

Нема ни возило.

На негово име пријавил банкарски депозит. А тогаш пријавил и кредит на име на сопругата, но не дал целосни податоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривични за екс градоначалникот на Сарај, Беџети и седум лица за злоупотреба на службената положба

Беџети за кривичната: Нарачaните пријави не ме заплашуваат

Фото: Фејсбук/Беџети

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести