Благој Митров доби согласност од Комисијата за хартии од вредност да биде именуван за извршен директор и член на Одборот на директори на друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови Прајм Капитал.
Тој ќе има мандат од четири години.
Прајм Капитал е новото име на Иново Статус.
Промената дојде откако Иново Статус го презеде финансискиот едукатор Иван Ивановски.
Митров и по промената на сопственоста, останува на функцијата на која е од 2016 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иван Ивановски стана 100% сопственик на Иново статус














